Необична новогодишна елка е поставена пред еден од најголемите пунктови за вакцинација во Романија. Оваа триметарска елка е направена претежно од празни шишиња вакцини Фајзер.
Стеблото е направено од вкупно 19.000 празни вијали кои ги осветлуваат лед-сијалици. Идејата за украсот се родила уште во март 2021 година, а персоналот на проектот работел уште од ноември.
Персоналот некогаш останувал и до два часот наутро после работното време за да ја направи елката.
– Дрвото кое го имаме е направено од шишенца на Фајзер кои ги собираме од 1 март 2021 година. За изработката се потрошени околу 19.000 вијали. Долното ниво е направено од вакцини Модерна, а подароците се изградени од вакцините Џонсон и Џонсон – изјави за АП, д-р Раду Кристијан, координатор во центарот за вакцинација.
Со овој гест центарот им се заблагодарува на сите кои примиле вакцини таму, а тоа се околу 200.000 луѓе.
извор: Mondo.rs