Со победата на Виљареал над Аталанта синоќа се комплетираа учесниците во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Натпреварот во Бергамо заврши со резултат од 2-3, а истиот претходно беше одложен поради снежното време кое не дозволи да се игра во средата.
Ждрепката е закажана за понеделник од 12 часот по средноевропско време, а традиционално ќе се одржи во Нион, Швајцарија.
Во првиот шешир се победниците Ајакс (Холандија), Баерн (Германија), Јувентус (Италија), Ливерпул (Англија), Лил (Франција), Манчестер Јунајтед (Англија), Манчестер Сити (Англија) и Реал Мадрид (Шпанија).
Во шеширот второпласирани се Атлетико (Шпанија), Бенфика (Португалија), Виљареал (Шпанија), Интер (Италија), ПСЖ (Франција), Салцбург (Австрија), Спортинг (Португалија) и Челси (Англија).
Првите осминафинални натпревари ќе се играат на 15, 16, 22 и 23 февруари, а реваншите на 8, 9, 15 и 16 март. Натпреварите започнуваа од 21 часот.
На 18 март ќе следува и четвртфиналната жрепка, а финалето е закажано за 28 мај.
фото: forzaitalianfootball.com/