Почнала да го дели своето богатство – Најмоќната жена на светот има милијарди со кои не знае што да прави – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/21 8:13 PM

Почнала да го дели своето богатство – Најмоќната жена на светот има милијарди со кои не знае што да прави

Форбс ја прогласи Мекензи Скот за најмоќна жена во светот, а поранешната сопруга на Џеф Безос има 57 милијарди долари на сметката.

Магазинот Форбс пред неколку дена објави листа на 100 најмоќни жени во светот, а на прво место е поранешната сопруга на основачот на Амазон, Мекензи Скот.

Скот и Џеф Безос се разведоа пред две години, а токму разводот ја направи најбогатата жена на планетата бидејќи во тужбата освои четвртина од неговиот удел во Амазон.

Мекензи се откажа многу од тоа на парницата. “Среќна сум што парницата за развод е зад мене и што јас и Џеф успеавме да се договориме за сè. Мило ми е што многу од моите пријатели се радуваат што ќе останеме во добри односи и ќе продолжиме да ги воспитуваме своите деца заедно. Среќна сум што му ги препуштам своите интереси во Вашингтон пост, Блу Ориџин и 75 отсто од нашиот удел во Амазон“, напиша Скот потоа на Твитер. После тоа, Безос, исто така, се заблагодари на својата поранешна преку социјалните мрежи за поддршката и добрината.

Скот била писателка и филантроп до нејзиниот развод, а кога дошла во рацете на големо богатство, веднаш рекла дека најголемиот дел од парите ќе ги донира во добротворни цели. Таа го одржа ветувањето и рече дека е невообичаено за неа да има непропорционална сума на пари.

По рaзводот добила дури 57 милијарди долари, а веќе поделила 8,6 милијарди на 780 организации кои промовираат прашања поврзани со родовата еднаквост, расната правда и јавното здравје.

Мекензи е со Џеф од самиот почеток на нивниот бизнис и тие се во брак 25 години. И покрај тоа што не откри дека имаат брачни проблеми, неговата афера со водителката Лорен Санчез излезе на виделина, па заврши бракот на Џеф и Мекензи.

Извор: Дневник.хр