Убиен познатиот рапер во пукање во Лос Анџелес – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/21 7:35 PM

Убиен познатиот рапер во пукање во Лос Анџелес

За време на пукањето е убиен раперот Слим 400 (33), пишува TMZ, повикувајќи се на полициски извори.

Раперот, чија кариера беше во нагорна линија, беше застрелан во средата вечерта во Инглвуд, Лос Анџелес.

Полициски извори ја потврдија веста дека бил застрелан, но навеле дека не се јасни околностите на пукањето и колку осомничени се вмешани, пренесува Дејли Стар.

Слим, кој е роден во Германија, веќе ја избегнал смртта во 2019 година, кога бил застрелан со девет куршуми во Лос Анџелес, откако бил нападнат од заседа додека бил во посета на своето семејство во Комптон.

Извор: Телеграф.рс