За бустер доза 300 евра, за оригиналната по 200 евра – Словачка ќе плаќа на оние кои ќе се вакцинираат против Ковид – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/21 5:36 PM

За бустер доза 300 евра, за оригиналната по 200 евра – Словачка ќе плаќа на оние кои ќе се вакцинираат против Ковид

Словачка не е првата земја што нуди стимулации за вакцинација. Во октомври, Швајцарија понуди бесплатни оброци во ресторан или билети за кино на граѓаните кои ќе ги убедат своите пријатели да се вакцинираат против Ковид.

Словачка ќе обезбеди финансиски стимулации за лицата над 60 години кои се вакцинирани против коронавирус или земаат т.н. бустер доза, за да се зголеми стапката на вакцинација која заостанува зад другите во Европската унија.

Парламентот ги одобри исплатите во четвртокот, давајќи зелено светло на владиниот предлог со кој првично се разгледуваше давање ваучери за хотели или ресторани, но наместо тоа се определи за готовински поттик.

Оние кои ќе добијат бустер доза до средината на јануари ќе добијат 300 евра, додека групата над 60 години кои ќе аплицираат за оригиналната доза до тој датум ќе добијат 200 евра.

Американскиот град Хјустон во април соопшти дека ќе плати 100 долари на секое лице кое ќе ја прими првата доза од вакцината против Ковид.

Словачка, со население од 5,5 милиони луѓе, беше сериозно погодена од последниот бран на пандемијата, поради што, полна со болници, мораше повторно да воведе мерки за затворање.

Таа имаше втора највисока стапка на инфекција во светот во текот на изминатата недела, според „Our World in Data“ во средата.

Но, Словачка заостанува далеку зад другите земји од ЕУ во вакцинирањето на своето население, со 68 отсто од луѓето над 60 години целосно вакцинирани – третото најниско ниво во Унијата по Бугарија и Романија и помалку од просекот на ЕУ од 88 отсто.

Од вкупното словачко население, 46,5 отсто се целосно вакцинирани, што е под просекот на ЕУ од 66,8 отсто, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

Извор: 24.сата.хр