Седум бремени жени починале од ковид, 24 медицинари, а двајца пациенти се заразиле по третпат – македонска ковид статистика – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/21 3:32 PM

Седум бремени жени починале од ковид, 24 медицинари, а двајца пациенти се заразиле по третпат – македонска ковид статистика

Во Институтот за јавно здравје се регистрирани 964 случаи на реинфекција со ковид – 19, додека има два случаи на пациенти што се заразиле по трет пат. За едниот пациент е познато дека оди на дијализа поради бубрежна болест и е со слаб имунитет, додека вториот е регистриран вчера и за него допрва ќе се добијат податоци.

Овие податоци ги изнесе д-р Драган Кочински, епидмиолог од ИЈЗ, кој сподели целосен преглед низ бројки од почетокот на пандемијата до сега.

Според Кочински, од 26 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на ковид кај нас, во 2020 година заболеле 83.734 лица, а 2904 починале со 3,47% смртност. Оваа 2021 година бројот на починати е зголемен за речиси 2000, ама зголемен е и бројот на заболени – 134.460 заболени, а 4784 починале со процент на смртност од 3,56%. Може да се заклучи дека нема драстично зголемена смртност во однос на лани, но значајно е зголемен бројот и на заболени и процентуално и на починати. На 100.000 жители има 371 починат.

По структура 3% од заболените дошле од странство, а една четвртина се случаи од кластер. 72% имале симптоми, останатите 28% биле асимптоматски.

Од ковид заболеле 6000 здравствени работници,  од кои 24 починале. Со ковид се заразиле и 973 бремени жени од кои седум починале. На еден милион жители, направени се 721.078 тестови.

Најголем број на случаи на дневно ниво се пријавени на 30 март 2021, кога имавме 1512 новозаболени, додека на неделно ниво најголем број на случаи – 7923 имало во тринаесеттата недела од 2021 година.

Сме имале три поголеми пика, додека последниот бил август – септември.

Жените повеќе заболуваат, а мажите повеќе умираат, иако таа разлика е мала. Во просек заболените имаат 45 години. Возрасната група над 60 години има најмногу заболени, па следи 30-39 години. Кавадарци, Неготино и Скопје имаат најголем број на заразени, додека најголема смртност има во Струга, Крива Паланка и Крушево со на 5% смртност.