Општина Гази Баба потроши милион евра, а сега ќе даде уште речиси 680.000 евра за да гради уште две сервисни улици во трговскиот „East Gate“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/21 11:01 AM

Општина Гази Баба потроши милион евра, а сега ќе даде уште речиси 680.000 евра за да гради уште две сервисни улици во трговскиот „East Gate“

Речиси 1,68 милиони евра – толку ќе ја чини Општина Гази Баба изградбата на сервисни улици и комплетна инфраструкатура во новиот трговски „East Gate“.

Летово од стариот градоначалник Борис Георгиевски се склучени договори со три фирми вредни 1 милион евра за сервисните улици и инфраструктуурата во најголемиот трговски центар во земјава. Но, сега и новиот градоначалник на Општината Бобан Стефковски ставил потпис на уште три договори со истите фирми сега вредни 676.000 евра за изградба на уште две сервисни улици, кои практичнио се дополнување на сервисните улици и инфраструктура заради измени и дополнувања во основниот проект.

Договорите и со стариот и со новиот градоначалник ги добиле истите три фирми-е „Филип Инженеринг“, „Енергомонт“ и „Елтра“ од Скопје.

Најмногу пари ќе добие фирмата „Филип Инженерин“ над 770.000евра. Со првиот договор од летоска со стариот градоначалник треба да добие речеси 461.000 евра, а за новиот договор склучен на први месецов, ќе добие над 309.000 евра.

Потоа фирмата „Електромонт“ добива 760.000 евра. Со првиот договор 452.000 и со сегашниот дополнет со уште две сервисни улици поради измена на основниот проект, же добие уште 308.000 евра.

Најмалку пари се предвидени за компанијата „Елтра“ или нешто над 157.000 евра. За првиот договор се предвидени 98.000 евра, а за вториот 59.000 евра.

Првите договори практично иако се со времетраење од 24 месеци, сепак изведувачите требало да завршат со изградбата за 72 дена по доставувањето на писмениот налог за отпочнување на работите.

Вторите договори иако се склучени на две години за дополнителните две сервисни услици во трговскиот, сепак изведувачите треба да ги завршат за околу 4 месеци, односно во договорот стои 132 дена од доставувањето на писмениот налог за отпочнување на работите.

(А.С.)

Фото; Фејсбук