Алек Болдвин (63) изгубил присебност и се упатил кон новинарот кој го испрашувал пред градската куќа на Вуди Ален (86) на Апер Ист Сајд во Њујорк.
Новинарот на „Њујорк Пост“ Џон Левин (34) на Твитер објави видео од многу напната средба.
-Дали навистина не го повлече чкрапалото? Дали верувате дека пукал без да го повлечете чкрапалото? Дали тоа беше дефект? – праша Левин.
Левин продолжил да поставува прашања додека Хилари Болдвин (37) мавтала со телефонот и го замолувала да си замине, што го натерало Болдвин да се заврти и да трча кон него.
„Не можете да се фотографирате пред нечија приватна куќа“, извикал Болдвин, мавтајќи со цврсто стегнат чадор во раката.
Тоа не ја спречи новинарката да продолжи да поставува прашања, што уште повеќе го вознемири актерот. Ситуацијата се смирила штом Алек влегол во куќата и ја затворил вратата.
NEW … I ran into Alec Baldwin on the Upper East Side pic.twitter.com/8pG5Vpshw2
— Jon Levine (@LevineJonathan) December 7, 2021
Минатиот четврток Болдвин во солзи тврдеше дека не го повлекол чкрапалото и дека пукал со пиштолот само додека му бил во раце за време на снимањето на филмот во Ново Мексико.
„Некој е одговорен за тоа што се случи, а не можам да кажам кој е, но тоа не сум јас“, рече тој во интервјуто.
И покрај тоа, многумина сè уште се сомневаат во верзијата на настаните што ги раскажа Алек Болдвин.
Извор: Курир.рс
Фото: Профимедиа