Посни денови се, а доколку немате идеја што да подготвите за појадок, вечера или ужина, тогаш оваа домашна паштета е идеална за вас.
Се подготвува во само три чекори, а за подготовка нема да ви требаат повеќе од десет минути.
Состојки:
лук
глава на црвен кромид
една конзерва туна
неколку кисели краставички
грст ореви
лажичка маслиново масло
малку сол, бибер, магдонос
сок од лимон
Подготовка:
На маслиново масло пропржете го лукот и црвениот кромид додека не испуштат вода, а потоа оставете малку да се излади. Во блендер изматете ги краставиците, оревите и туната, но претходно исцедете го маслото и измешајте со кромидот.
Додадете сол и бибер по вкус, додадете малку сок од лимон и оставете ја добиената паштета малку да се излади во фрижидер пред употреба.
Извор: Магазин.новости.рс
Фото: Sutterstock