Епидемиологот и микробиолог од универзитетската болница во Бон, Маријо Парчина во разговор за Хрватската радио телевизија (ХРТ) ја коментираше ситуацијата со пандемијата и надоаѓањето на омикрон сојот од Јужна Африка.
Според него главен проблем е делта сојот и тоа што 80% од пациентите на интензивна нега се невакцинирани.
– Луѓето во зимскиот период се подготвени за било какви болести. Времето ќе покаже што ќе донесе омикрон. Главен проблем сега е делта варијантата. Сите случаи на омикрон се импортирани од ЈАР. Не можете Европа да ја споредите со Јужна Африка. Таму се вакцинирани само 25% од граѓаните, во Европа се речиси секаде повеќе од 50%. Имате појава на нов сој на коронавирусот кој е позаразен, но таму е лето. ЈАР дневно брои 15.000 случаи на новозаразени. Вирусот како што се менува станува се повеќе респираторен и тоа во целата ситуавија не прави среќни. Но, секоја сериозна пандемија траела три години, па ајде да кажеме дека следната година ќе биде последна и ќе ја исконтролираме оваа болест – рече Парчина.
Во однос на задолжителното вакцинирање тој вели дека на почеток ќе се однесува тоа здравствениот сектор, а засега нема обврска тоа да се наметне кај децата.
– Притисокот во педијатриските ординации е голем и најверојатно ќе се вакцинираат децата постари од пет години кои се здравствено загрозени – додаде тој.
Извор: Index.hr
Фото: скриншто ХРТ