„Сонот без таткова прегратка не ме остава“ – Емотивна порака од Харита за 10 години од смртта на Гоце Арнаудов – ММС
ММС

Објавено на: 12/6/21 8:35 PM

„Сонот без таткова прегратка не ме остава“ – Емотивна порака од Харита за 10 години од смртта на Гоце Арнаудов

Денес се навршуваат 10 години од смртта на нашиот легендарен фолк пејач Гоце Арнаудов. Цела деценија него веќе го нема, но живее со нас преку неговите песни, неговите безвременски хитови без кои не почнува и не завршува ниедна веселба.
Гоце замина прерано, но зад себе не ги остави само писните, туку и семејството, кое најмногу тагува. Во спомен на Гоце, неговата ќерка Харита спотели тажна објава за тоа колку им недостасува.
-Го етапиравме животот на “со тебе” и “после тебе. Но, уште си секојдневно присутен.  И секоја радост со тебе ја споделувам. И секоја тага се обидувам од тебе да ја скријам. Песната, таа ни остана, остана и онаа недопеаната.  Но, и во новите песни се нешто твое наоѓам.  И стотици анегдоти во наследство кои секојдневно не “частат” партија смеење.
А и во ноќите… сонот без таткова прегратка не ме остава. 10 години без тебе, 10 години после тебе. Шести декември… И пак дожд, па сонце, па дожд, па сонце. Таков е животот, тој продолжува, љубовта останува, за тебе непроменета, сите овие 10 после тебе, напиша неговата ќерка.