За 3,5 денари се намалуваат цените на бензините, на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Според тоа, од ноќеска на полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 71 денар за литар, Еуросупер БС-98 за 73 денари за литар, а цената на дизелот ќе изнесува 63 денари за литар. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 62,5 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот се намалува за 3,016 денари за килограм и сега ќе изнесува 38,527 дененари за килограм.
Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на падот на цените на светските берзи.
Новите цени на нафтените деривати ќе важат до следниот понеделник кога Регулаторната комисија за енергетика повторно ќе одлучува за цените, соопштија од Комисијата.
Објавено на: 12/6/21 2:26 PM