Битолчани тргнале да пешачат па се изгубиле – Горската служба организираше потера – ММС
ММС

Објавено на: 12/6/21 8:42 AM

Битолчани тргнале да пешачат па се изгубиле – Горската служба организираше потера

Две лица кои тргнале да пешачат на ридот кој води кон Баба – Пелистер се дезориентирале и вчера доцна попладне и во вечерните часови беше организирана потера. Двајцата беа пронајдени без повреди, малку исплашени и биле пренесени во Битола.
-Во 20,00 чaсот тимот на Горската служба за спасување, и тимот за спасување во планини на ДЗС ги пронајдоа изгубените лица. Истите се во добра здравствена состојба, соопшти Центарот за управување со кризи.
Според кажувањето на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, веднаш штом двајцата пријавиле дека се загубиле, кон нивната локација тргнал планинар и двајца припадници на Горската служба. Проблем бил што во меѓувреме им се потрошиле батериите на телефоните на двајцата кои се загубиле, поради тоа што ги користеле светилките. Сепак, оваа приказна имала среќен крај, луѓето биле пронајдени и пренсени во нивните домови.
Како што соопштиле на службите, двете лица тргнале да пешачат, меѓутоа откако сфатиле дека не можат сами да се вратат, се јавиле во полиција.