Маж со скршено срце засадил поле во облик на гитара за покојната сопруга – ММС
ММС

Објавено на: 12/5/21 9:15 PM

Маж со скршено срце засадил поле во облик на гитара за покојната сопруга

Кога сопругата го прашала сопругот Педро Мартин Урето дали може да засадат поле на нивната фарма во некој интересен облик кој би се гледал од авион, тој само слатко се насмеал. Но, нејзината ненадејна смрт го оставила со скршено срце, одлучен да и ја исполни желбата и да создаде инструмент во полето како сеќавање на саката сопруга.

Урето бил фармер на ранч во 1970-те и поседувал земја во Пампаси, источно од Буенос Аирес, Аргентина. Еден ден, додека летал над регионот, неговата сопруга Грасиела забележала поле во чуден облик на канта од млеко.

.

Инспирирана од идејата му предложила на сопругот да засадат некоја житна култура во полето која ќе отцртува некој облик. Таа починаа во 1997 година во 25-та година од животот од аневризма на мозокот.

Тажен што никогаш не успеал да и ја исполни желбата, одлучил да засади поле во нејзината чест. Затоа што Грасиела била голем фан на музиката, тој одлучил да дизајнира сложена шарка која личи на гитара.

Но како вдовец и татко на четири мали деца, Урето бавно напредувал на проектот во годините после смртта на сопругата и сите околу него мислеле дека е лудак затоа што направил сложен дизајн без професионален пејсажист.

Извор: 24sedam.rs

Фото: lavoz.com.ar/