Задоцнето е замрзнувањето на цените – инфлацијата е неминовна, став на Мицковски – ММС
ММС

Објавено на: 12/4/21 3:27 PM

Задоцнето е замрзнувањето на цените – инфлацијата е неминовна, став на Мицковски

Потребни се сет мерки, а не само ограничување на цената на основните производи, што требаше да биде многу поодамна. ВМРО-ДПМНЕ уште во април и мај алармираше дека државата ќе се најде во оваа ситуација во којашто е денес поради непреземање на соодветни мерки од страна на власта. Ова денеска го изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, според кој, енергетската криза е во суштина и причинител за оваа инфлаторна спирала.

– Инфлацијата е увозна но е и домашна инфлација. Нивните политики се погрешни, наместо да копаат јаглен и да произведуваат струја, тие се организираа картелски и пљачкаа, а тоа го прават и денес. Ќе видите од овие 4 милијарда денари, ќе видите дека 14,5 милиони евра наместо да одат за струја, отидоа за плаќање на фактурите за добавувачите во РЕК Битола и повторно заврши некое куферче таму во југоисточна Македонија. За жал на крајот од денот два пати ја плаќаат сметката еднаш кога крадат и еднаш кога се неспособни да произведат. Народот е најважен, тој е суверен во Македонија, а ние политичарите сме менливи и минливи. Прашањето е што ќе оставите зад вас. Власта ќе остави девастирана состојба во државата односно комплетно разурнат трул систем којшто не функционира, којшто се плаќа со човечки животи, со уништен стандард и сето тоа го прават заради лично богатење и личен интерес, рече Мицкоски.