(видео) Да почнеме ги слушаме луѓето, компаниите, работниците – Деспотовски во Стадион – ММС
ММС

Објавено на: 12/4/21 2:26 PM

(видео) Да почнеме ги слушаме луѓето, компаниите, работниците – Деспотовски во Стадион

Политичарите треба да одговорат на прашањата на граѓаните – што со цената на струјата, цените на основните продукти, а не да се занимаваат со себе. Ова е ставот на кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски во емисијата Стадион на Канал 77, кој кажа дека неговата програма „Концепт 28“ ја засновува на принципот: „Ниту еден човек не смее да биде изоставен“.
-Да престанеме да дискутираме кои сме. Многу време изгубивме на тоа кој треба да биде министер, претседател. Треба да дискутираме за тоа какви мерки и политики им требаат на луѓето во време кога имаме економска криза, здравствена криза… Да ги слушаме луѓето, компаниите, работниците. Да ги отвориме ушите и да слушаме. Паметните луѓе се околу нас, многу од нив не се во политиката, вели Деспотовски.
Деспотовски одговори и на неговото етикетирање како човек на Шекеринска, близок на Шилегов и претставник на тнр. Скопско крило во СДСМ.