Чоко-моко ролат – Совршен спој на чоколадо и кафе – ММС
ММС

Објавено на: 12/3/21 9:48 PM

Чоко-моко ролат – Совршен спој на чоколадо и кафе

Состојки:

5 поголеми јајца

4 лажици масло

7 лажици кристален шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

прстофат сол

4 лажици какао

5 лажици брашно

1 лажичка прашок за пециво

1-2 кесички инстант кафе, по вкус

1 кесичка слатка павлака

200 грама бело чоколадо

декорација по вкус

Подготовка:

Во посебен сад измешајте ги брашното, какаото и прашокот за пециво. Изматете ги со миксер белките со прстофат сол во цврст снег, па постепено додајте шеќер и ванилин шеќер. Кога ќе добиете компактна смеса, намалете на средна брзина, па додајте ги жолчките и маслото со постојано мешање. Потоа малку по малку ги додаваме сувите состојки и кога ќе се направи хомогена маса, се истура во плех обложен со хартија за печење.

Се пече во рерна загреана на 180 степени најмалку 20 минути. Почекајте да се излади десетина минути, а потоа завиткајте го во ролна хартија. Ставете го во фрижидер да се излади.

Во сад измешајте бело чоколадо и изматената слатка павлака. Извадете ја кората од фрижидер, одмотајте, па премачкајте со овој фил и повторно виткајте, овој пат без хартија.

Декорирајте по желба – шлаг, чоколадо или шарени трошки, рендано чоколадо, вишни итн.

Извор: Стил.курир.рс