Храната најскапа во последните 10 години, оцени ФАО – ММС
ММС

Објавено на: 12/2/21 1:03 PM

Храната најскапа во последните 10 години, оцени ФАО

Цените на храната на светските берзи достигнаа на највисоко ниво во последните 10 години и во ноември, четврти месец по ред, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).
Причина за продолженото поскапување е зголемената побарувачка на пченица и на млечни производи. Просечната вредност на индексот на цените на храната на ФАО, кој ги одразува месечните промени на меѓународните цени на основните прехранбени производи, достигна 134,4 поени во ноември, наспроти 123,8 во октомври. Тоа е највисокото ниво од јуни 2011 година, а на годишна основа, ноемврискиот индекс забележа скок од 27 отсто.

Цените на земјоделските производи драстично скокнаа во изминатата година поради зголемената побарувачка на храна и недоволниот род како последица на суши и поплави низ светот.
ФАО неодамна ја намали прогнозата за производство на жито за 2021 година на 2,791 милијарди тони од 2,793 милијарди тони еден месец претходно.