Забраната за патување поради Ковид, не само што е неправедна, туку е и неефикасна, вели Гутереш – ММС
ММС

Објавено на: 12/1/21 9:41 PM

Забраната за патување поради Ковид, не само што е неправедна, туку е и неефикасна, вели Гутереш

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека забраната за патувања воведена поради Ковид-19, која изолира која било земја или регион, „не само што е длабоко неправедна и казнена, туку е и неефикасна“.

Говорејќи пред новинари во Њујорк, Гутереш рече дека единствениот начин да се намали ризикот од пренесување на вирусот, а истовремено да се овозможат патувања и економски ангажман е да се тестираат патниците неколку пати, со примена на други дополнителни соодветни мерки чија ефикасност е потврдена.

МИА