Каков пресврт – Алек Болдвин тврди дека не го повлекол чкрапалото – ММС
ММС

Објавено на: 12/1/21 8:16 PM

Каков пресврт – Алек Болдвин тврди дека не го повлекол чкрапалото

Актерот Алек Болдвин му рекол на Џорџ Стефанопулос од „Еј-Би-Си Њуз“ дека „нема поим“ како се нашла муницијата на сетот на „Руст“ и дека „не го повлекол чкрапалото“ на оружјето од кое едно лице е убиено, а друго рането.

– Никогаш не би вперил пиштол кон некого и би го повлекол чкрапалото. Никогаш – изјави Болдвин на Стефанопулос во интервју што ќе се емитува на ABC во четврток.

На 21 октомври, Болдвин држеше револвер за време на пробата за снимањето на „Руст“ на ранчот Бонанца Крик во Ново Мексико, кога пукаше од пиштол, убивајќи ја кинематограферот Халина Хачинс и ранувајќи го режисерот Џоел Соуза.

 

Болдвин, кој го игра и продуцент на филмот, во интервју зборува за тоа што се случило кобниот ден и тврди дека немал причина да се сомнева дека во пиштолот имало муниција.

– Се сеќавам на тоа и се прашувам што можев да направам. Таа беше сакана и почитувана од сите што работеа со неа. И сега ми е тешко да разберам дека ја нема. „Тоа не ми изгледа реално“, рекол Болдвин.

Извор: Телеграф.рс