Израелскиот пристанишен град Тел Авив е прогласен за најскап град за живеење, според магазинот „Економист“. Тел Авив го презеде првото место од Париз, кој сега ја дели втората позиција со Сингапур.
Тел Авив скокна на листата делумно поради јачината на националната валута во однос на американскиот долар, како и поради зголемувањето на цените на транспортот и намирниците.
Следни на листата се Цирих, Хонг Конг и Њујорк, а потоа Женева, Копенхаген, Лос Анџелес и Осака.
Дамаск, главниот град на Сирија разурната од војна, е најевтиниот град за живеење.
Ограничувањата на движењето на луѓе и стоки го нарушија снабдувањето со разни стоки, што доведе до недостиг и зголемување на цените, рече Упасана Дут од Економист.
„Јасно го гледаме влијанието врз овогодинешниот индекс, а особено скокнаа цените на горивата“, посочи таа, додавајќи дека се очекува централните банки да ги зголемат каматните стапки за внимателно да ја намалат инфлацијата.
Извор: Ртс.рс
Фото: Википедија