Владата предлага уште шест месеци кризна состојба во енергетиката – ММС
ММС

Објавено на: 12/1/21 2:34 PM

Владата предлага уште шест месеци кризна состојба во енергетиката

Владата ќе ја достави до Собранието одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија и во наредните шест месеци, односно до 9 јуни 2022 година.
На денешната 123-та седница на Владата, што се одржала преку интернет комуникациска врска, бил утврден текстот на Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија, поради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.
„Предлогот за продолжување на рокот на кризната состојба има за цел да обезбеди континуитет во спроведувањето на мерките и активностите за надминување на состојбата во снабдувањето со електрична енергија“, се наведува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста.

(МИА)