Утрово регистрирани два земјотреса во околината на Кичево, од 2,6 и 2,9 степени по Рихтер – ММС
ММС

Објавено на: 12/1/21 10:23 AM

Утрово регистрирани два земјотреса во околината на Кичево, од 2,6 и 2,9 степени по Рихтер

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, денеска утрово регистрира два земјотреса, со епицентри 65 километри југозападно од Скопје.

Првиот бил во 8.14 часот, со локална Рихтерова магнитуда ML2.6 а вториот во 8.21 часот со локална Рихтерова магнитуда ML2.9, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

И двата земјотреси што потекнуваат од епицентралното подрачје Кичево биле почувствувани од населението во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.