Одбиено барањето на Камчев за домашен притвор од Европскиот суд – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/21 7:45 PM

Одбиено барањето на Камчев за домашен притвор од Европскиот суд

Од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ни беше потврдено дека е одбиено барањето на адвокатите на бизнисменот Орце Камчев, со кое се бараше на државата да и се изрече времена мерка, односно да и наложи на македонските власти да го пушти Камчев во домашен притвор и да му бидат извршени прегледи од кардиолог, јави дописникот на МИА.

Од Европскиот суд за човекови права согласно со правилото 39 од Правилата на Судот во случајот на Камчев, а поради причина на флагрантно и континуирано кршење на неговите основни човекови права, на 17 ноември 2021 беше побарано да донесе времена мерка со која на македонските власти треба да им се наложи под итно да извршат медицински преглед од кардиолог и итно ослободување и сместување во домашен притвор поради неговата наводно влошена здравствена состојба, се наведуваше во дописот од неговите адвокати.

Одлука за привремена мерка

На 18 ноември 2021 година, Судот (дежурниот судија) одлучи да го прекине испитувањето на Правилото 39 од Судскиот Деловник до добивање на информација од тужената Влада.

Судот одлучи да побара од Владата, според правилото 54 став 2 (а), да го достави следнови информации: Владата е поканета да го информира Судот за исходот од барањето на апликантот за 29 октомври 2021 година до Основниот суд Скопје. Доколку е применливо, Владата беше повикана да ја достави до Судот соодветната одлука. Спротивно на тоа, доколку барањето на апликантот за 29 октомври 2021 година не е одлучено, се повикува Владата да го извести Судот за причините за тоа.

Понатаму, Владата беше поканета да го информира Судот за најновите информации на апликантот, медицински третман во врска со неговата срцева состојба. Конкретно, на кој начин и на кој доколку националните власти на одговорната држава му доставиле на апликантот редовен медицински третман кај кардиолог и/или медицински прегледи со помош на ехокардиографија и/или коронарографија.

По одговорот од Владата, од Судот од Стразбур одлучил да го одбијат барањето, без притоа да дадат објаснувања за печатот.

Според тоа што дописникот на МИА успеа да го дознае во Стразбур, одговорот на Владата се движел во насока дека на „притвореникот му се пружа соодветната здравствена заштита, а тој самиот во неколку наврати одбил да оди на преглед.“

Од правниот тим на Камчев,  пак алармираа  дека медицински белешки потврдени од кардиолози од Северна Македонија, како и од кардиолози од Австрија и Словенија укажуваат на тоа дека тој спаѓа во групата на „пациенти со висок ризик од смрт поради кардиоваскуларни проблеми’’ и постои висок ризик со животозагрозувачки последици доколку неговата состојба не е соодветно третирана и следена.

Адвокатите на бизнисменот Камчев  во изминатиот период постојано реагираат, на лошите затворски услови во кои се наоѓа нивниот клиент и дека здравствената состојба на нивниот клиент е влошена, а тој, наводно, не го добива содветниот лекарски третман додека е во притвор. Поради тоа и барањето кое беше упатено до Европскиот суд за човекови права од каде што побараа одговори од македонската Влада.

Орце Камчев веќе неколку месеци е во притвор како обвинет во случајот „Плацевите на Водно“, кој се наоѓа во доказна постапка.

MИА