Како негативните емоции влијаат на организмот? – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/18 10:31 AM

Како негативните емоции влијаат на организмот?

Психијатарите предупредуваат дека одредени физички симптоми како што се недостаток на енергија, умор и исцрпеност се јавуваат кај депресивните луѓе во повеќето случаи.

Исто така, во случај на депресија, многу е важно да се обрне подеднакво внимание и на физичките и на емоционалните промени, бидејќи и едните и другите влијаат на животот и извршувањето на основните функции. Кај некои луѓе прво се појавуваат физичките симптоми, а експертите објаснуваат дека можат полесно и побрзо да се препознаат за разлика од емоционалните промените.

Физичките симптоми што укажуваат на депресија се: промени во начинот на спиење, промени во апетитот, недостаток на енергија, недефинирана болка најчесто во главата и грбот, несоница, умор и осцилации во тежината.

Физичките симптоми настануваат поради тоа што депресивната состојба влијае врз одредени делови од мозокот кои се важни за функционирањето на органите, а експертите објаснуваат дека неочекуваната појава на болки може да биде знак за емоционален проблем.

Некои истражувања од 2008 година докажуваат дека депресијата е тесно поврзана со промените во начинот на спиење. Со оглед на тоа што депресијата различно влијае на мозокот кај секој човек, некој ќе има проблеми со несоница, додека некој ќе сака да го преспие целиот ден. Истражувањата од 1992 година покажале дека луѓето кои често одмораат преку ден, почесто имаат проблеми со депресија за разлика од оние кои спијат само навечер.

Експертите нагласуваат дека промените во хормоните, како и хипотиреозата (недостаток на хормонот на штитната жлезда), може да го зголемат ризикот од депресија.

Доколку забележите некој од овие симптоми, важно е да побарате помош од стручно лице кое ќе ја одреди дијагнозата, причината за промените во телото и ќе ви предложи терапија.