Поевтинување на струјата е можно в година во април, вели Бислимоски, претседателот на РКЕ – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/21 2:38 PM

Поевтинување на струјата е можно в година во април, вели Бислимоски, претседателот на РКЕ

Намалување на цените на струјата може да се очекува од втората половина на април следната година, но тоа е во однос на денешните, поскапени цени, а не во однос на цените од минатата година. Ова го изјавил за МИА, Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, кој за време на претседавањето на 50-тиот Борд на регулатори на Енергетската заедница што се одржува во Атина, каде по втор пат беше избран за претседател на Бордот.
На состанокот во фокусот била актуелната енергетска криза, нешто што ќе биде и главното прашање за новиот Борд на регулатори на Енергетската заедница.
„Од ЕК постои гледање дека намалувањето на цените на електричната енергија може да се очекува од втората половина на месец април, па натаму. Но, тоа намалување, да знаеме сите, значи намалување во однос на сегашните цени, во однос на драстичното поскапување“, објаснува тој, посочувајќи дека во споредба со минатата година, тоа подразбира цени за најмалку два пати повисоки отколку што ги имавме во првиот дел од годинава.
„Тоа намалување е, од 220-230 евра, на 110 -120 евра за мегаватчас, што всушност претставува зголемување во однос на минатата година за повеќе од два пати, за жал. Но, верувам дека сега ќе ги чуеме и искуствата од другите земји, а во некои од нив, сигурно ќе бидат вклучени и владите со цел да се стабилизира колку што може ситуацијата во енергетскиот сектор“, истакна Бислимоски.

(МИА)