Популарниот актер доживеа несреќа 2018 година во Италија додека возел мотор. Како што поминаа годините, Клуни реши да зборува за своето искуство за “The Sunday Times”.
Во 2018 година, актерот доживеа несреќа на Сардинија додека се враќаше од снимање. Се сеќава дека едвај извлекол жива глава, а додека лежел на подот забележал дека неколку луѓе го снимаат со мобилен телефон.
– Доколку сте јавна личност, она што го сфаќате додека лежите на земја и мислите дека ова се последните минути од вашиот живот, е дека за некои луѓе секогаш ќе бидете забава за нивниот Фејсбук профил. Јас сум позитивен лик, но од тоа извлеков заклучок дека сум само забавен за нив. Сакате да го фатите секој од нив и добро да го истресете – рече тој и додаде:
-Возачот на автомобилот сфатил дека тој е одговорен за несреќата, изјави тогаш локален полицаец. Тој го свртел автомобилот и повикал брза помош и полиција.
Сообраќајната несреќа на Клуни ја потресе неговата сопруга Амал, која му забрани никогаш повеќе да вози мотор.
Извор: informer.rs