Внимавајте што коментирате на Фејсбук – Кривична за охриѓанец за коментар со недолична содrжина и омраза – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/21 9:06 AM

Внимавајте што коментирате на Фејсбук – Кривична за охриѓанец за коментар со недолична содrжина и омраза

Внимавајте што коментирате на Фејсбук! За коментарите со недолична содржина и омраза може да добиете кривична.
-СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.П.(63) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 30.10.2021 година, за време пред изборниот процес, на објавен текст на електронски медиум, од својот Фејсбук профил напишал коментар со недолична содржина со што, поттикнал омраза насочена кон одредена група, се вели во информацијата од СВР Охрид.