Јужноафриканската докторка Анџелик Кочи, која прва ги предупреди властите во својата држава за појавата на новиот сој на коронавирусот, за „Дејли телеграф“ вели дека симптомите на новиот сој кој СЗО го нарече омикон, се необични, но поблаги.
Кочи наведува дека прв пат се посомневала на нова варијанта порано во текот на месоцот, кога пациенти во нејзината приватна клиника почнале да доаѓаат со симптоми на ковид кои на почетокот немале смисла.
Млади луѓе од различни социјални слоеви рекле дека чувствуваат интензивен умор, а шестгодишно дете имало многу забрзан пулс.
– Никој немаше изгубено мирис или вкус, вели докторката додавајќи дека симптомите многу се разликувале и биле доста поблаги од оние кои претходно ги лечела.
Кога четири членови од исто семејство кои биле позитивни на корона се пожалиле на истите симптоми кои вклучуваат умор, докторката го предупредила државниот советодавен одбор за вакцинација.
Таа вели дека околу 20 од нејзините пациенти добиле позитивен тест со симптомите на новата варијанта. Најголем дел од нив биле млади мажи кои дошле кај неа со „неверојатно чувство на умор“.
Кочи потенцира дека отприлика половина од нив, не биле вакцинирани.
– Имавме еден интересен случај. Дете старо отприлика шест години со висока температура и пулс. Се прашував дали да ја хоспитализираме. Кога проверив по неколку дена, таа беше подобро, вели докторката.
Таа во саботата за своето откритие известила неколку африкански лекарски здуженија и јасно им објаснила на колегите дека сите нејзини пациенти сега се здрави, но оти се грижи дека новата варијанта би можела да биде опасна за постарите луѓе со коморбидитети.
– Она што сега ме плаши е дека кога постари, невакцинирани луѓе ќе се заразат со новата варијанта, можеме да очекуваме повеќе случаи со тежок облик на болеста, додава Кочи.
извор: курир.рс