„Знаев дека тој е човекот на мојот живот“ – Почина Мрка, партнерот на пејачката Ана Бекута – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/21 10:23 PM

„Знаев дека тој е човекот на мојот живот“ – Почина Мрка, партнерот на пејачката Ана Бекута

Политичарот и пратеник Милутин Мркоњиќ Мрка почина денеска на 79-годишна возраст, а покрај политичката кариера, јавноста цела деценија ја интересира и неговата љубовна приказна со пејачката Ана Бекута.

Бекута и Мркоњиќ неодамна прославија десетгодишнина од нивната љубов, а таа еднаш раскажа како го запознала својот избраник.

„Веднаш станав свесна дека тој е човекот на мојот живот. Не на првата, туку на нашата втора средба. Беше тоа приватна седенка, беше присутен и покојниот Бата Живојиновиќ, во тоа време се договориле да ја објават неговата книга. Мојот пријател им свиреше и ме покани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)

„Кога таму седи господинот Мркоњиќ, кој веднаш скокна од столот, не послужи, а таа вечер на седенката се ми стана јасно“, изјави Ана претходно за „Ало“.
„Ми изгледаше прилично несериозно, како ветропир. Не го разбрав неговиот карактер. Изгледаше ветровито, но всушност е многу сериозен“, објасни таа.

Мркоњиќ  во моментот кога ја запознал  Бекута бил женет , а Ана веќе имаше еден брак зад себе.

„Единствената жена на сцената што не ја познавав беше Ана. Се запознавме на концертот на Шабан Шаулиќ, таа дојде и го зеде микрофонот да пее. Прашав која е оваа жена, ми рекоа дека е Ана Бекута. Не ја препознав, претходно ја гледав на телевизија, но не знаев дека изгледа така. Таа дојде, испеа две песни, јас ги платив тие две песни, не беа малку пари. Ја ставив раката околу нејзината половина, а таа ми рече: „Тргај ја раката, ти си оженет човек“, а јас и реков: „Дај ми ги тогаш парите“, изјави Мркоњиќ во една емисија.

Иако релативно доцна се запознале и се заљубиле, Бекута во една прилика изјавила дека нејзината љубов дошла кога била подготвена за тоа.

„Вистинскиот маж се појавува кога си подготвен за тоа, кога се сакаш себеси. Навистина чекав, првата половина од животот помина во потрага. Кога се запознавме, јас имав 52 години, тој речиси 70. Но, да се сретневме порано, можеби немаше да се препознаеме. Не е  баш дека во дваесетите и триесетите змаеме што е љубов. Тоа го сфаќаме дури подоцна, кога со мудрост и искуство ќе се стават некои вредности на нивно место“.

Иако поминаа десет години заедно, никогаш не планираа венчавка.

„Не планирам да се мажам, не сум луда. Сакам да бидам слободна, а меѓу нас постои доверба од самиот почеток. Бракот и онака не би променил ништо“, изјави неодамна пејачката.

Ана Бекута била со него до крај, молејќи се тој да може да се бори. Состојбата на Мркоњиќ беше критична и тој беше приклучен на апарат, кој им овозможи на срцето и белите дробови да бидат „на одмор“ и кој всушност го одржуваше во живот. Беше во вештачка кома, интубиран.  Лекарите се обидувале да му го спасат животот, но за жал, не успеале.

Пејачката Ана Бекута последните неколку дена поминала низ вистинска семејна агонија.
Ана постојано телефонирала на лекарите од болницата кои ја информирале за здравствената состојба на нејзиниот партнер со кој е во љубовна врска речиси девет години. Пријателите и колегите на Мркоњиќ секојдневно и се јавувале на Ана и ја тешеле во овој тежок период низ кој минуваат, но пејачката цело време плачела и се молела Мрка да ја преброди и оваа тешка ситуација.

Извор: nova.rs/srbijadanas.com