Сугерирав дека е можно да променам место на седење во Парламентот, вели Реџепи – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/21 10:16 AM

Сугерирав дека е можно да променам место на седење во Парламентот, вели Реџепи

„Добар сум се е добро и одиме понатаму“, рече пратеникот Кастриот Реџепи во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, како одговор на новинарот.

На прашањето дали редовно го посетува Парламентот, Реџепи истакна дека е редовен, кога има обврски.

„Вчера имаше една регионална конференција за соработка со медиумите“, рече Реџепи.

Местото во Парламентот не ви е променето, со параламентарците од БЕСА седите заедно ? – беше запрашан Реџепи при што истакан дека можна е промена на столчето во Парламентот.

„Сеуште сме немале пленарна седница и таму се обележани местата, јас им кажав на колегите, се сретнав со колегата Фадил Зендели од БЕСА и разговарав со него бидејќи гледам дека инсистираат на тоа дека јас сум исклучен од партијата иако тоа е дискутабилно му сигерирав дека можно е да променам место на седење, иако тоа не е некаков проблем. Секој си го има своето столче“, рече Реџепи.