Мик Џегер(78), легендарниот фронтмен на „Ролинг Стоунс“, деновиве ужива во друштво на својата 44-годишна девојка.
Мик и неговата свршеница Мелани Хемрик се запознале во 2014 година, само неколку дена пред тогашната девојка на Мик, Л’Врен Скот, да биде пронајдена мртва во станот.
Иако меѓу нив има разлика од дури 44 години, се чини дека тоа не им е пречка, па веќе седум години уживаат во љубовта.
Познатиот рокер сега е „уловен“ со својата девојка на плажа во Мајами, но папарацо фотографите не успеаја да ги фотографираат во размена на нежности.
Бидејќи со години ја чуваат својата врска подалеку од љубопитните очи, овие фотографии даваат барем малку увид во тоа како познат музичар ги поминува приватните моменти со девојката.
Извор: Нова.рс
Фото: Профимедиа