Ова за бугарската телевизија „Нова“ ја потврдил заменик главниот обвинител и началник на Националната истражна служба, Борислав Сарафов.

-За жал, мистеријата е решена. Нема осми спасен патник. Пронајдовме тело на дете. Во 21.15 часот во трагичната ноќ преку „Капитан Андреево“ влегле 52 патници, од нив 45 биле пронајдени во автобусот, 7 се во болницата „Пирогов“. За жал, нема уште некој што се спасил“, рече Сарафов.

Сарафов рече и дека истражителот и обвинителот упатени во Скопје ќе останат таму најдоцна до недела. Мора да ја донесат документацијата поврзана со запалениот автобус и ДНК профилите на роднините на загинатите. Веднаш потоа ќе започне идентификацијата на жртвите од инцидентот.