Многу луѓе ја популаризираат исхраната со ниско ниво на јаглехидрати како добар и правилен начин за кратко време да се изгубат килограми, но тоа всушност не е така. Јаглехидратите генерално не се вистинската причина поради која се чувствувате лошо, ниту пак го оневозможуваат здравиот начин на живот. Всушност, потребно е да ги внесувате да ја поттикнете ефикасноста на вежбањето, но и да го задржите чувството на ситост.
Бек Милер – клинички нутриционист и основач на интернет платформа која нуди совети за здравиот начин на живот и за слабеење без гладување, дадва неколку упатства за тоа кои се најквалитетните извори на јаглехидрати.
Прво и основно, ако јадете јаглехидрати тие мора да бидат богати со хранливи супстанци за да бидете заштитени на подолг рок, но и за да имате подобра концентрација и издржливост. Ако се обидувате да го намалите внесот на нутритивно сиромашни јаглехидрати, а го зголемите внесот на бофатите, листата во продолжение би можела да ви помогне да препознаете некои за кои можеби не сте ни помислиле дека се добри за вас – пренесува Индекс хр.
Бек Милер состави листа на која се наоѓаат намирници богати со јаглехидрати, почннувајќи со најнеквалитетните:
Крофни, кроасани, колачи
Kрекери и чипс
Бел леб, бел ориз
Тортиљи од пченка
Леб од повеќе видови житарки
Интегрален ориз
Овес
Компир
Киноа, леќа, јачмен, мешунки
Овошје и зеленчук
Извор: rs.n1info.com