Главниот бугарски обвинител доаѓа во Скопје да ги преземе ДНК примероците за идентификација на жртвите – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/21 9:10 AM

Главниот бугарски обвинител доаѓа во Скопје да ги преземе ДНК примероците за идентификација на жртвите

Главниот бугарски обвинител Иван Гешев во ридружба на истражитела денеска ќе дојде во Скопје за лично да поднесе барање за правна помош до Обвинителството во Северна Македонија. Бугарските обвинители треба да добијат ДНК профили од роднини на загинатите во автобуската несреќа заради идентификација на жртвите.

Како што јавува дописникот на МИА од Софија, денеска Бугарското обвинителство треба да објави нови информации за трагедијата.

Во меѓувреме, продолжува истрагата за тешката автобуска несреќа во која загинаа 45 лица на автопатот „Струма” во Бугарија.

Бугарската телевизија „Нова” јави дека шест истражители од Националната истражна служба и тројца обвинители од Подрачното обвинителство во Перник работат на предистражната постапка.

Портпаролката на главниот обвинител Сијка Милева уверува дека во најкус можен рок, бугарските истражители ќе ги добијат потребните документи од нивните македонски колеги, јавува дописникот на МИА од Софија.

Во меѓувреме, седумтемина преживеани остануваат на лекување кај Пирогов. Нивната состојба е стабилна. Двајца од преживеаните вчера се оперирани. Еден од нив има длабока изгореница на двете раце. Здравствените власти размислуваат оние кои се стабилни да си одат дома кај своите најблиски. 

МИА
Фотографија: BGNES-archive