Што ќе се случи ако се лечите со антибиотици на своја рака? Д-р Снежана Јовановиќ предупреди на последиците – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/21 2:17 PM

Што ќе се случи ако се лечите со антибиотици на своја рака? Д-р Снежана Јовановиќ предупреди на последиците

Нерационалната и неправилна употреба на антибиотици доведува до развој на бактерии отпорни на антибиотици и е еден од најголемите предизвици на јавното здравство во 21-от век во светот. Експертите предупредуваат дека последните податоци за зголемената потрошувачка на антибиотици се алармантни. Според д-р Снежана Јовановиќ бактериите и вирусите наоѓаат начини да преживеат и покрај употребата на антибиотици. Докторката која работи како микробиолог во Клиничкиот центар во Србија вели дека прекумерната употреба на антибиотици е застапена во целиот свет.

„Таквиот проблем е препознат уште од 2014-та година, а Светската здравствена организација процени дека до 2050-та дури околу 10 милиони луѓе ќе умрат од инфекции предизвикани од резистентни микроорганизми. Значи, тоа се микроорганизмите кои предизвикуваат инфекција, а за кои нема да имаме антибиотици. Но, резистенцијата постои одамна. Првиот пеницилин е примен во 1941-та година, а следната се појавил првиот сој на страфилокока кој е резитентен на антибиотикот. Како што наоѓаме антибиотици, така бактериите, вирусите, габите, паразитите се прилагодуваат за да преживеат“, вели д-р Јовановиќ.

Таа појаснува дека со прекумерната употреба на антибиотици, посебно кај вирусните инфекции, не може ништо да се превенира.

„Вирусите не се лечат со антибиотици, за тоа не постојат лекови. Меѓута, јас како микробиолог препорачувам освен крвна слика да се направи и уринокултура“, вели д-р Јовановиќ.

Таа истакнува дека антибиотиците секако не треба да ги земаме на своја рака бидејќи со злоупотребата ќе ја уништиме можноста за користење на тие лекови за следните генерации. Освен тоа, истакнува дека овие лекови не треба лесно да се земаат бидејќи го уништуваат имунитетот.

„Антибиотиците делуваат на микроорганизмите кои се чувствителни на нив. Ние во својот организам имаме и здрави бактерии, кои практично произведуваат некои витамини, различни супстанци, па меѓу другото и имунолошки одговор. Со потребата на антибиотиците не страдаат само патогените микроорганизми, туку и овие добрите. Претераната употреба на антибиотици ги уништуваат микроорганизмите кои се дел од микробиотата и секако ќе дојде до пореметување. Поради тоа, покрај употребата на антибиотици се препорачува и примена на пробиотици“, порача микробиологот Јовановиќ.

 

Извор: mondo.rs