Ако мислевте дека растењето брада и мустаќи е само тренд, сте се излажале. Потребата да се остави берберот на страна доби посебно значење еден ноември 2003 година, кога неколку пријатели се договорија да не ги бричат брадата или мустаќите еден месец.
На облогот кој имаше за цел да му даде на модерниот маж малку рурален изглед, се приклучија околу 30 членови со желба да го реализираат овој тренд и да истраат во својата одлука. Само една година подоцна, 400 мажи се приклучија на идејата и беше формирана фондација за собирање пари за истражување на рак на простата.
Движењето доби глобален карактер, а десетици илјади луѓе ширум светот секоја година се приклучуваат на иницијативата Movembar (брадест ноември), која станува глобален феномен од хуманитарен карактер. Покрај растењето мустаќи, месец ноември е посветен на бројни едукации на тема ментална поддршка во справувањето со овој тип на рак, поддршка во лекувањето како и ширење на свеста. Во последниве години, сè повеќе мажи ја развиваат свеста за ракот на простата.
Најголем проблем е што мажите се појавуваат во подоцнежните фази на болеста, бидејќи немале никакви симптоми и затоа превентивниот преглед е од клучно значење. Иако кај нас од оваа болест годишно умираат околу 800 мажи, речиси педесет проценти од машката популација никогаш не биле прегледани на уролог. Успехот на лекувањето при рано откривање е голем, па затоа се препорачува мажите постари од 50 години да одат на преглед на простата барем еднаш годишно, а мажите постари од 20 години да прават самопреглед два пати годишно.
Без разлика што за оваа тема најмногу се зборува во медиумите и на социјалните мрежи, но и во медицинските кругови кон крајот на годината, во текот на месец ноември, треба да се одвои време за лекарски прегледи и здравствена заштита на во секое време од годината.
Преземено од: https://stil.kurir.rs/