Уапсен лекар во Белгија кој издал 2.000 лажни сертификати за Ковид – ММС
ММС

Објавено на: 11/23/21 10:05 PM

Уапсен лекар во Белгија кој издал 2.000 лажни сертификати за Ковид

Во Белгија е уапсен лекар кој издал околу 2.000 лажни потврди за ковид (CST), соопштија денеска властите на таа земја.

Министерката за здравство на белгискиот регион Валонија, Кристи Мореал, изјави дека лекарот, кој не бил именуван, ќе биде кривично гонет поради издавање лажни потврди за Ковид, пренесе Анадолија.

Опишувајќи го случајот како „здравствен скандал“, таа рече дека потврдите се одземени и дека лицата инволвирани во измамата ќе се соочат со правни последици.

ЦСТ докажува дека лицето било целосно вакцинирано, негативно на тестот за коронавирус во последните 48 часа или дека закрепнало од Ковид во последните шест месеци.

Овој сертификат е потребен од почетокот на ноември за влез во ресторани, кафулиња, барови, спортски сали и други места во Белгија.

Извор: Ртв.рс