Девет лица ја загубија битката со Ковид-19, нови 490 случаи во последните 24 часа – ММС
ММС

Објавено на: 11/23/21 5:43 PM

Девет лица ја загубија битката со Ковид-19, нови 490 случаи во последните 24 часа

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа направени се 2.869 тестирања, а регистрирани се 490 нови случаи со Ковид-19, девет починати и 484 оздравени пациенти.

Од 490-те нови случаи од Скопје се 209, Битола – 42, Прилеп – 33, Кавадарци – 30, Велес – 18, Куманово – 17, Ресен – 16, Берово – 14, Кочани – 12, Гевгелија и Делчево – по 10, Тетово и Штип – по 8, Струмица и Крива Паланка – по 7, Радовиш – 6, Кичево и Богдаци – по5, Валандово,Кратово, Македонска Каменица и Пехчево – по 4, Охрид, Свети Николе и Неготино – по 3, Струга и Виница – по 2, Гостивар, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Од деветте починати три се од Скопје (85г, 75г и 41г) и Штип (91г, 86г и 78г), две од Куманово (88г и 76г) и едно починато лице од Берово (75г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Од 484 оздравени пациенти од Скопје се 233, Битола – 37, Куманово – 28, Кочани – 22, Велес и Гевгелија – по 19, Кавадарци – 18, Штип – 17, Охрид – 15, Тетово – 11, Струмица и Пробиштип – по 9, Кичево – 8, Неготино – 7, Каратово – 6, Свети Николе – 5, Радовиш – 4, Ресен и Богданци – по 3, Струга и Демир Хисар – по 2, Прилеп, Крива Паланка, Валандово, Гостивар, Дебар, Демир Капија и Дојран – по 1.

Дополнително, согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, се пријавени шест починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 20.11.2021. Регистрирани се починати лица од Куманово, Велес, Штип, Струмица, Свети Николе и Демир Хисар. Починатите лица се на возраст од 61 до 89 години од кои пет лица се починати во домашни услови, а едно во болнички услови.