Пејачката Северина Вучковиќ моментално ужива на Малдивите, од каде објави фотографија во бикини и воодушеви илјадници свои следбеници.
Таа ја покажа својата совршена фигура, а нејзините обожаватели не штедеа комплименти.
Северина за неколку месеци ќе го прослави својот 50-ти роденден и официјално ќе зачекори во шестата деценија од животот, на која секако и пркоси со својот изглед. Пејачката не крие дека често вежба и се грижи за својот изглед.
Таа во последните месеци беше во центарот на вниманието на јавноста поради наводната љубовна врска со српскиот композитор Филип Милетиќ.
View this post on Instagram
Северина и Филип почнаа да соработуваат пред повеќе од 10 години, кога ги направи нејзините хитови „Бред Пит“, „Узбуна“, „Италијана“ и многу други. Тој тогаш беше во сериозна врска со пејачката Ана Бебиќ, која заврши неславно. Уште тогаш се шпекулираше дали Северина е виновна за раскинувањето со Ана, но и двајцата тогаш тоа го демантираа.
Извор: Нова.рс