Аудицијата за танчерки во стриптиз клуб во Лас Вегас кој наскоро ќе се отвори, била прекината затоа што се пријавиле повеќе од 1.000 луѓе, а организаторите сакале да ја избегнат ситуацијата со Астроволрд кога во стампедо на фестивал во Хјустон загинале десет луѓе.
– Ова ср..е е многу натрупано, мора да одите дома. Сите видовте какво с..ње се случи со Тревис Скот пред некоја вечер, подобро соберете си ги работите и одете – рекол организаторот, пренесува Дејли Мејл.
Стриптиз клубот им посакал добредојде на луѓето кои сакале да ги погледнат аудициите на танчерките.
„Слободно дојдете и пријавете се. Ја поздравуваме пошироката јавност и ја повикуваме да дојде да ги гледа аудиите на нашите танчерки“, напишале од клубот на Инстраграм каде што кружи видеоснимка на која се прикажани голи жени како играат во просторија додека луѓето им фрлаат пари во воздух.
View this post on Instagram
Извор: jutarnji.hr/Dailymail.co.uk