Обилни врнежи и ветер со брзина од 200 километри на час, донесе ураганот Лејн на Хаваите. Ова е прво вакво невреме на Хаваите во последните 26 години кое предизвика поплави и одрони на земјата. Информации за настрадани или повредени засега нема.
Поради ураганот кој во меѓувреме ослабе на бура од четврта категорија, не работат училиштата и јавните служби. А вонредна состојба на Хаваите прогласи американскиот претседател Доналд Трамп.
Луѓето не паметат ваква бура изминатите години, ураганите се ретка закана за Хаваите. Од 1959 година областа ја погодиле само два урагани и две тропски бури. Во 1959 година ураганот Дот ги погоди Хаваите, а ураганот Иники во 1992. Во 2014 Хаваи ги погоди тропската бура Изел, а во 2016 година тропската бура Дарби.