Обвинителот бил нападнат по претходна расправија и недоразбирање во сообраќајот, три лица заработија кривична – ММС
ММС

Објавено на: 11/21/21 6:03 PM

Обвинителот бил нападнат по претходна расправија и недоразбирање во сообраќајот, три лица заработија кривична

Утринава во 5:30 часот во с. Чегране, гостиварско, извршен е обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство Гостивар. Јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники. Нападнат е поради расправија во сообраќајот.

Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот.

Од МВР информираат дека се приведени пет лица, тројца заработија кривична.

„На 21.11.2021 во 06.10 часот од полициски службеници од Полициското одделение Чегране биле лишени од слобода Н.С.(40), неговиот малолетен син, двајцата од с.Чегране, гостиварско  и Б.Ф.(41) од с.Церово, тетовско, поради постоење основи на сомнение дека околу 05.30 часот во с.Чегране, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнале и со остар предмет го повредиле Х.И.(39) од с.Форино, гостиварско. Х.И. бил пренесен во Општата болница „Ферид Мурат“ за укажување на лекарска помош. Тројцата со кривична пријава во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основен суд Гостивар, “ информираат од МВР

Се презамаат мерки за расчистување на случајот.