Не можете да замислите вистински семеен ручек без домашна супа. Освен супа со тестенини, треба да знаете да подготвувате супа со кнедли, како и супа од бела и чорба од домати.
Домашната супа со кнедли не враќа во детството кога ја јадевме кај баба за ручек. После тоа најчесто се послужуваше месо и компири, а на крајот добиваме домашна торта како штрудла или жолт колач со овошје.
Подготовка: Пилешкото ставете го во вода, посолете го и оставете да зоврие. После тоа, отстранете ја пената, потоа додадете го зеленчукот и варете уште 40 минути до еден час. За кнедлите: изматете го јајцето, додадете малку сол и вода. Потоа додадете го гризот и сè соединете. На крај додадете го маслиновото масло. Оставете ја водата да зоврие и додадете малку сол. Потопете една лажичка и земајте смеса за кнедли и истурете во тенџерето. Гответе ги 10 минути, а потоа истурете чаша ладна вода и варете поклопено уште 7 минути. Процедете ја супата, додадете магдонос и кнедлите. Оставете уште малку да се готви и супата е готова.
Извор: Пинк.рс