Мрка во тешка состојба и приклучен на респиратор – Ана Бекута очајна – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/21 5:52 PM

Мрка во тешка состојба и приклучен на респиратор – Ана Бекута очајна

Српскиот политичар, почесен претседател на СПС и пратеник Милутин Мркоњиќ (79), кој и е партнер на Ана Бекута е во тешка ситуација и лекарите се борат за неговиот живот.

Како што потврдиле за Курир.рс од болницата, Мркоњиќ е на Одделот за интензивна нега, на апарат и приклучен на респиратор, а лекарите прават се за да му се стабилизира состојбата.

Мркоњиќ долго време е во болница, а сега состојбата нагло му се влошила.

Тој на почетокот на месецот заврши на кардиоваскуларната клиника во Белград, каде што беше поставен пејсмејкер. Во август ги оперирал срцевите залистоци, со нов метод, преку препоните.

Милутин на почетокот на годината беше во болницата Драгиша Мишовиќ, но тогаш тестовите покажаа дека тој е негативен на Ковид 19.

– Немав корона, но ме задржаа бидејќи ми најдоа лузни на белите дробови. Но, имав воспаление на мочниот меур, а промените во белите дробови не се последица на короната – изјави тогаш тој.

Извор: Курир.рс