Италија одлучи да ја намали вредноста за готовински плаќања од 2.000 на 1.000 евра. – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/21 3:19 PM

Италија одлучи да ја намали вредноста за готовински плаќања од 2.000 на 1.000 евра.

Од 1 јануари следната година во Италија повеќе нема да може да се плаќа во готово сума поголема од 1.000 евра. Сите износи поголеми од 1.000 евра ќе треба да се платат со кредитна картичка, чекови или преку сметка. Кој ќе ја прекрши оваа одлука, ќе биде казнет со најмалку 2.000 евра, а казната може да достигне и до 50.000 евра. Оваа мерка треба да придонесе за сузбивање на сивата економија и даночното затајување.

Намалувањето на износот што треба да се плати во готово беше критикувано од либералните политичари, заштитниците на потрошувачите и податоците.Владата на премиерот Марио Драги сака да ги поттикне електронските платежни системи во борбата против сивата економија, даночното затајување и перењето пари.

Извор. Еspreso.co.rs