ЕМА наскоро ќе се произнесе за вакцинацијата на деца од 5 до 11 години со вакцината на Фајзер – ММС
ММС

Објавено на: 11/17/21 3:05 PM

ЕМА наскоро ќе се произнесе за вакцинацијата на деца од 5 до 11 години со вакцината на Фајзер

Европската агенција за лекови најверојатно следната недели ќе го објави својот став за вакцината на Фајзер/Бионтек за деца од пет до 11 години – соопшти денеска Министерството за здравство на Австрија.

„Во моментот очекуваме подетални информации од ЕМА во однос на тоа прашање околу 24-ти ноември“, стои во соопштението.

ЕМА кон средината на октомври почна да се занимава со прашањето за намалување на возрасната граница за вакцинација против коронавирусот. Клиничките испитувања во кои учествувале 2268 учесници покажале дека вакцината со две дози, се заснова на мРНА технологија и предизвикува силен имунолошки одговор кај децата од 5 до 11 години.

САД на 3-ти октомври почна со вакцинација на петгодишните и на постарите деца. Во тек е и анализа со податоци за вакцината за деца од американскиот производител Модерна, која исто така се заснова на мРНА технологија, а ЕМА за таа вакцина би требало да донесе одлука за два месеца.

 

Извор:  hr.n1info.com