Влатко Ѓорчев: Останувам во ВМРО ДПМНЕ, но се надевам дека ќе успеам во приватниот сектор – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/21 7:07 PM

Влатко Ѓорчев: Останувам во ВМРО ДПМНЕ, но се надевам дека ќе успеам во приватниот сектор

Владимир Ѓорчев, долгогодишен пратеник од ВМРО ДПМНЕ на својот Фејсбук профил информираше дека заминува да работи приватно.
– Решив да работам во реалниот сектор. Приватно, во своја фирма, во областа на маркетингот, советувањето, трговијата и услугите. Во Македонија секогаш има пофалби и критики. Ако имав државна работа – ќе имаше критики. Ако одиш приватно – повторно критики и неколку честитки.
Ако успееш – пак критики. Ако не успееш, тогаш критики и сеир. Животот оди понатаму. Среќа и успеси на сите, напиша тој, без објаснување дали се повлекува од партијата, воопшто од политиката и зошто приватниот сектор го нарекува -реален.
ММС стапи во контакт со Ѓорчев за да го праша за причините и дали ова значи напуштање на политиката.
-Ова не значи дека заминувам од политиката, останувам во ВМРО ДПМНЕ, како член на извршиот комитет и меѓународен секретар.  Ова значи работен ангажман, контакти и работа. Не ме плаши работата, се надевам дека ќе имам успех. Се надевам дека ќе успеам во приватниот сектор, останувам во ВМРО ДПМНЕ, рече кусо тој.