За правилно функционирање на сите телесни функции потребно е да се внимава на исхраната и да се јаде храна богата со различни витамини. Недостатокот на кој било витамин може да има негативен ефект врз вашето тело, а некои знаци на вашето лице може да укажуваат дека имате недостаток на витамин Д.
Акни и сува кожа
Акните и сувата кожа можат да бидат резултат на одредени хормонални промени, а може да укажуваат и на таложење на нечистотија и бактерии на кожата. Но, сувата кожа и појавата на акни може да укажуваат на тоа дека имате недостаток на витамини А и Е. Ако имате недостаток на витамин Б12, вашата кожа може да биде многу бледа. Покрај овие симптоми, обрнете внимание на уште некои за да знаете дека ви недостасуваат одредени витамини, како што се екстремен замор, нагли промени на расположението и слично.
Отечени очи
Алергијата може да предизвика отечени очи, но ако тоа се случува често, особено наутро, може да укаже дека ви недостасува јод. Голем број на студии покажаа дека постои врска помеѓу недостаток на јод и проблеми со тироидната жлезда, а тоа може да резултира со симптоми како што се замор, зголемување на телесната тежина и отечени очи.
Крварење на непцата
Недостатокот на витамин Ц може да предизвика голем број проблеми во телото, а еден од знаците што укажуваат на недостаток на овој витамин е крварењето на непцата. Други симптоми вклучуваат модринки и болки во мускулите и зглобовите. Се препорачува да се консумираат агруми како што се портокали, грејпфрут и лимон за да се избегне недостаток на витамин Ц.
Бледи усни
Бледите усни може да укажуваат на голем број болести, но најчесто се симптом на анемија. Тоа е состојба која се јавува кога некое лице има ниски нивоа на црвени крвни зрнца во телото. Ниското ниво на железо, исто така, предизвикува недостаток на црвени крвни зрнца, што го отежнува транспортот на кислород низ телото. Ова предизвикува промена на бојата на усните, односно усните можат да станат многу бледи доколку имате анемија, пишува Тајмс оф Индија. Понатаму, недостатокот на железо во телото може да го ослаби и имунолошкиот систем.
Оштетена и сува коса
Оштетената и сува коса може да укаже дека ви недостасува витамин Б7 или биотин. Биотинот е хранлива материја која ја одржува вашата коса здрава и негувана. Ниското ниво на биотин предизвикува првут и оштетување на косата. Дополнително, ако ви недостасува витамин Б7 и вашите нокти и коса можат да станат многу тенки и лесно да се скршат.
Извор: Хр.н1инфо.ком