Вчера околу 22.00 часот во СВР Скопје, 17-годишна малолетничка од Скопје пријавила дека на 21.09.2021 противправно била лишена од слобода од Џ.А., со кого претходно била во љубовна врска.
Како што е пријавено, во неговиот дом тој во повеќе наврати физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.